Со полициски патроли ќе се регулира јавниот ред и мир во Карпош

Од:

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски, претставници од полициската станица Карпош и претседателите на урбаните заедници денеска дискутираа за нарушувањето на јавниот ред и мир на граѓаните во летниот период.

На состанокот беше презентирана Програмата на полициската станица Карпош за преземање на превентивни мерки против нарушување на јавниот ред и мир. Присутните ја потенцираа потребата од зачестена полициска патрола на територија на општината.

– Општина Карпош преку целата година, а посебно во летниот период, се соочува со сериозни проблеми, како оштетување на општинските и државните објекти, сето она што е обезбедено и потрошено со народните пари. Во исто време граѓаните се жалат дека во раните утрински часови се соочуваат со викотници и несоодветно однесување, информира Јакимовски.

Имаме разбирање за потребите на младите, истакна тој, затоа сме се потрудиле да обезбедиме и одредени катчиња за нив.

По тој повод, командирот на полициската станица Карпош Роберт Петрушевски го презентираше планот во кој се поместени зачестени полициските патроли низ општината, во доцните часови.

– Општината ја поделивме на три сектори. Секој сектор ќе има по една патрола, или по двајца полициски службеници, но би сакале да присуствува и по еден претставник од урбаните заедници, рече Петрушевски. Информира дека се предвидени позачестени патроли и покривање на места, укажани од страна на граѓаните и од страна на вработените лица во урбаните заедници во општина Карпош. Во истата патрола ќе бидат вклучени инспектори, како и службеници на МВР од Одделот за малолетничка деликвенција и вработени во СВР Карпош.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски