Со пластичен пиштол украл пари од обложувалница

Од:

Непознат сторител синоќа околу 23 часот нападнал вработен во спортската обложувалница „Вил Хил“ на улицата „Тоде Думба“ и со закана со пластичен пиштол од сеф одзел кутија со пари.

По ова, вработениот физички го нападнал и успеал да му го одземе пиштолот на напаѓачот, кому дел од парите му испаднале во обложувалницата, пред да побегне во непознат правец.

Извршен е увид на местото на настанот, при што е констатирано дека се работи за пластичен пиштол, а при пребројување на парите било утврдено дека недостигасасувале 4.150 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена