Со остар колец 14-годишник до смрт претепа Македонец во Сончев Брег

Од:

Со остар колец 14-годишник до смрт претепа 49-годишен Македонец во Сончев Брег, соопшти бугарската полиција.

Полицијата извести дека вчера околу 11 часот регионалната канцеларија во Несебар добила порака дека во шумска површина до објектот „Бачвата“ на Сончев брег е пронајдено машко тело со видливи повреди на главата.

Како резултат на полициските дејствија на службеници од одделението „Криминална полиција“ при ОДМВР – Бургас и Регионална управа – Несебар, било констатирано дека телото е на 49-годишен македонски државјанин кој на 24 јануари влегол во Бугарија преку граничниот премин Гешево.

„По оперативно-претресни мерки и процесно-истражни дејствија – меѓу кои распити, одземање на видео снимки од безбедносни камери во широк периметар и слично, утврдено е дека извршител на убиството е 14-годишен младинец од Несебар. Убиството е извршено со удар со остар колец. Причините за убиството се под истрага.Работата на случајот ја продолжуваат вработени во одделението за „Криминална полиција“ при ОДМВР – Бургас и Регионалната управа – Несебар. На младиот човек му е одредена потерница до 24 часа“, соопштија од бугарското Министерство за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко

Некои од запленетите нелегални лекови биле наменети за домашниот, други за странскиот пазар