Со нож тешко повреден вработен на паркинг во Скопје

Од:

Контролор на Градски паркинг завршил во бесознание во болница, откако претходно со нож бил тешко повреден од две лица среде бел ден во центарот на Скопје, бидејќи на напаѓачите не можел да им обезбеди паркинг простор.

Инцидентот се случил во средата околу 13.30 часот, во Скопје на бул.„Гоце Делчев“ поточно на паркингот пред Тетовскиот универзитет.

Според МВР, додека  Р.А. (21) од Скопје бил на работното место контролор во Градски паркинг со колегата Н.И., дошло ПМВ „БМВ“ со скопски регистерски таблички во кое имало две  лица,  по што истите  го прашале дали има место на паркингот и му рекле дека мора да им најде место, во спротивно физички ќе го нападнеле

Лицата  излегле од возилото  и  со употреба на  нож  му нанеле повреди  во пределот на грбот и на левата потколеница, а почнале и да го влечат, по што истиот паднал во бесознание и со возило бил однесен во Градската општа болница.

Скопската полиција презема мерки за пронаоѓање на сторителите.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип