Со нож прободен началникот на струшката полиција, напаѓачот е уапсен

Од:

Четириесет и четири годишен жител на струшкото село Велешта е приведен по напад на началникот на полициската станица во Струга. Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

– Околу 19 часот во Струга од полициски службеници од ОВР Струга е уапсен С.Н. (44) од струшкото село Велешта, затоа што денеска околу 17.30 часот на улицата „Ристо Крле“ во Струга со остар предмет го нападнал А.Д.(46) од Струга, изјави Димоски.

А.Д., според него, е пренесен во Општата болница во Струга каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Против напаѓачот, во координација со јавниот обвинител ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, истакна Димоски.

Би можело да ве интересира

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Акциска контрола низ државава: Казнети се 37 возачи на камиони

Горан Наумовски

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ