Со механизација се работи на санирање на состојбата со дивата депонија кај Струга

Од:

Механизација на повеќе компании и јавни претпријатија од Струга и регионот интензивно работи на санирање на состојбата со дивата депонија кај Струга, во обид да се изгасне пожарот и да се обезбеди пристап на противпожарните возила до самата локација.

Вршителот на должноста градоначалник на Струга Забзун Мустафа денеска изјави дека неколку градежни компании со механизација се вклучени во активностите за санирање на последиците од опожарувањето на депонијата, изразувајќи очекување за кусо време да биде санирана состојбата.

– Се работи со сета расположива механизација и очекуваме за кусо време да се стават работите во некаков ред. Во оваа фаза проблематично е гаснење на пожарот со вода, така што засега се работи на гаснење на пожарот со тампонирање на депонијата. Следната фаза предвидува поставување хумус врз локацијата и озеленување на депонијата. Како општина депонијата ќе ја конзервираме, а отпадот потоа ќе се одлага на друго место, подалеку од градот, рече тој.

Конечното решение за проблемот со одлагањето и третманот на отпад од Струга и околината ќе се бара во изградба на регонална депонија, чија изградба би се реализирала во соработка со приватни инвестотори или пак преку озбезбедување средства од претпристапните фондови на Европската унија.

Граѓаните на Струга организирани во повеќе граѓански иницијативи изминатиот период одржаа неколку протести за итно решавање на проблемот со дивата депонија лоцирана во непосредна близина на градот.

Активистите на Граѓанската иницијатива „Доста е“ нагласуваат дека депонијата веќе десетина години е извор на загадување и причина за тешки заболувања кај граѓаните на Струга и околните места, со тврдење дека нивниот број е во пораст.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност