(ВИДЕО) Со листови во рака Димовски зборуваше за тоа кој читал процедурални

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски ги прекори медиумите кои не се под нивна контрола, зошто објавувале видеа и фотографии од пратениците од нивната коалиција, на кои им беа испечатени текстови кои требаше само да ги прочитаат од собраниската говорница.

Додека зборуваше дека и други пратеници читале процедурални и тоа се случило прв пат во Собранието, тој самиот носеше лист на говорницата, од кој веројатно само се потсетуваше.

– Додека порталите на Сорос, прават вести дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ читаат реплики и контра реплики, ние за прв пат видовме во Собранието како се читаат процедурални, рече Димовски и замина од говорницата со својата напишана процедурална во рака.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела