Со лажни документи побарала и добила кредит од банка

Од:

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.О.(52) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина” по член 380 и „измама при добивање кредит”.

Пријавената, со намера лажно да прикаже дека е кредитоспособна, при аплицирање за одобрување потрошувачки кредит во една банка приложила лажна потврда за вработување и лични примања, наводно издаден од јавна здравствена установа од Скопје.

На тој начин ги довела во заблуда одговорните лица во банката да и одобрат ненаменски потрошувачки кредит во износ од 600.000 денари.

Би можело да ве интересира

Битолчанец од туѓа кредитна картичка подигнал пари од банкомат

Лажно се претставувал како градоначалник и пријавил настан, полицијата документира случај за 80 – годишник од Кавадарци

СДСМ: Унгарскиот кредит е политички мотивирана одлука на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

A1on

Измама од две евра се шири по социјалните мрежи

Летувај – за џепарлак не се оптеретувај

Горан Наумовски

Маж од Тетово измамил жена за 732 евра