Со Ковид-19 инфициран дел од медицинскиот персонал на Заводот за кардиваскуларни болести во Охрид

Од:

Дел од лекарите и медицинскиот персонал од Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ во Охрид заразени со британскиот сој на коронавирусот, што во значајна мера ја отежнува дејноста на институцијата.

Според информациите, состојбата во болницата е комплексна, но установата останува отворена за пациентите и итните случаи.

-Последниве денови сведоци сме на зголемен број на Ковид-19 позитивни во целата земја, а Охрид е еден од најпогодените градови. Веќе неколку недели сме помеѓу градовите со највисок број на активни случаи на број на жители во земјата. Од неодамна, од Министерството за здравство имаме и официјални податици дека во Охрид и регионот е изразено висока застапеноста на „британската мутација”, која се одликува со значајно повисока преносливост. Ваквата состојба, за жал, не не заобиколи и нас како установа која непрекинато ја врши својата дејност во услови на пандемија, но неколку месеци наназад во посебен оддел третира и ковид-пациенти. Сакаме да потенцираме дека во ковид-одделот кај нас се третираа најкомплексни пациенти од целиот регион и многу од нив имаа потреба од неинвазивна и инвазивна респираторна подршка. Но, и покрај се, ги информираме нашите пациенти дека непречено ќе функционира згрижувањето на сите итни случаи и Салата за интервентна кардиологија ќе биде на располагање 24/7 во функција на третирање на сериозни и животозагрозувачки состојби. И натаму, ќе работи ургентна амбуланта за оние кои имаат потреба од итен преглед,се наведува во соопштението од Заводот.

Истовремено се упатува апел до пациентите да бидат внимателни, да избегнуваат ризични контакти и да останат дома до постигнување на колективна имунизација.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски