Со комбе натоварено со дрва се обидел да прегази полицајци

Од:

Вчера околу 19 часот и 45 минути во село Кадино, скопско, полицајци се обиделе за сопрат комбе натоварено со дрва управувано од Г.М. (24) од Арачиново, но на дадениот знак стоп тој не застанал и со голема брзина се движел кон село Марино.

Дваесетина минути подоцна Г.М. бил сопрен на патот кон Арачиново при што тој се обидел да удри во службено возило на МВР и да ги прегази полициските службеници откако истите излегле од возилото. На местото на настанот со „Голф“ дошле уште три лица кои се упатиле кон полицајците при што едниот од нив од службениот пиштол испукал еден куршум во воздух заради заплашување и лицата избегале, а Г.М. бил лишен од слобода.

Полицајците успеале да ги пронајдат и лишат од слобода и С.М. (23) кој управувал со „Голфот“ како и Е.Е. (40), Г.М. (55) и М.М. (24) сите од Арачиново.

Лицата и возилата биле предадени на полициската станица во Гази Баба за понатамошна постапка, а од секторот за внатрешни работи во Скопје информираат дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом