Со исклучување на осветлувањето на 66 локации, Македонија ќе го одбележи Часот на планетата Земја

Од:

Македонија утре по седми пат со исклучување на осветлувањето ќе се приклучи кон глобалната еколошка акција „Часот на планетата Земја“.

Во 20:30 часот по локално време во Македонија ќе биде исклучено осветлувањето на вкупно 66 локалции со што годинава земјата ќе го надмине минатогодишниот рекорд на исклучени локации.

Во централното градско подрачје, ќе биде исклучено осветлувањето на на улицата Македонија, палатата Пелистер, Ристиќевата палата, Порта Македонија, Камениот мост, Скопската тврдина, Македонскиот народен театар, Музејот на македонската борба, Археолошкиот музеј, Паркот „Жена борец“, објектот на АЕК, Јавното обвинителство, Министерството за надворешни работи, плоштадот Филип Втори, мостот „Око“ и Мостот на уметноста.

Покрај централното градско подрачје, во акцијата ќе се вклучат и општините Аеродром, Карпош и Гази Баба кои ќе го исклучат осветлувањето на повеќе локалции на својата територија.

Во Охрид во мрак ќе потонат црквата Света Софија, Градскиот плоштад и гимназијата „Свети Климент Охридски“.

Поддршка кон акцијата најавиле и Струмица, Битола Велес, Крушево, Ресен, Радовиш, Струга, Куманово, Кавадарци и Берово, а осветлувањето ќе биде исклучено и во резерватот Јасен, цементарницата Усје, трговските центри Капитол мол и Сити мол, како и салоните на мобилниот оператор Оне.Вип.

– Можам да потврдам дека оваа година го имаме најголемиот час за планетата Земја во Македонија. Ги повикувам сите граѓани да ја покажат својата моќ и да ги исклучат светилките оваа сабота во 20:30 часот. Ако е мрак, нека е еколошки мрак, истакна денеска на прес-конференција Ѓорѓи Селков, претседател на здружението „Час на планетата Земја“.

Активен поддржувач на акцијата веќе четврта година е Црвениот крст на Република Македонија, а ЕВН Македонија годинава ќе подготви театарски перформанс за заштитата на планетата Земја и штедењето на електричната енергија што ќе се одржи во Даут пашин амам.

Покрај ова, ЕВН Македонија ќе го поддржи и конкурсот на тема „Како ќе го одбележиме Часот на планетата Земја во чии рамки ќе бидат избрани 10-те најдобри фотографии што граѓаните ќе ги испратат на емаил адресата [email protected].

Годинава за првпат акцијата ќе биде поддржана и од Канцеларијата на УНДП во Македонија.

Кон глобалната акција утре ќе се приклучат над 178 земји и 7.000 градови ширум светот.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска