Со ИПА грант се реализираат инфраструктурни проекти во Кавадарци

Од:

Неколку проекти во општина Кавадарци се реализираат со средства од ИПА програмата од ЕУ во вредност до 260 илјади евра.

Службата за односи со јавноста на општина Кавадарци денеска соопшти дека парите ќе бидат наменети за реализација на два инфраструктурни проекти со кои ќе се подобрат општинските услуги во локалната патна мрежа и во уличната мрежа во руралните населби.

Првиот проект се однесува на реконструкција и интервенции на локалните патишта во селата Дреново и Возарци, а вториот проект е за асфалтирање и поплочување на улици и тротоари во селата Марена, Дреново, Ваташа, Сопот и Глишиќ.

– Деновиве во завршна фаза е реконструкцијата на делницата од локалниот патен правец од Кавадарци кон селото Дреново во должина од 1.031 метри. Се реконструира потегот од спојот на локалниот пат со регионалниот патен правец Кавадарци – Прилеп. Трасата води по старото прилепско џаде до првата угорница кон село Дреново, информира прес-службата на општината.

Согласно првиот проект се работи и на реконструкција на делница од локалниот пат Возарци – брана ХЕЦ „Тиквеш“, во должина од 1.150 метри.

– Што се однесува до намената на грантовите средства од Европската Комисија наменети за реконструкција на улици и тротоари во селата, со овој проект е опфатено асфалтирање на улици во селото Ваташа во вкупна должина од 544 метри, поплочување на улици во селата Марена, Дреново и Сопот со вкупна должина од 646 метри, како и поплочување на тротоари во селата Марена, Сопот и Глишиќ, со вкупна должина од 566 метри, соопшти Службата за информирање на општината.

Согласно спроведената тендерска постапка по правилата на Светска банка за овие проекти, од европскиот грант ќе бидат потрошени 11.881.625 денари.

Надлежните очекуваат дека со реализација на проектите ќе се подобрат условите за живеење на граѓаните во општината.

Би можело да ве интересира

Илија Панов е осуден на 16 години затвор за убиство на партнерката Сузана

Газда на фирма од кавадаречко преку хакиран е-мајл измамен за 80.000 денари

А1он

Во Кавадарци полицијата уапси пијан млад возач, МВР против него најави пријава

Учителка од Кавадарци шпионирала колешка кај директорката на училиштето

Обвинение за кавадарчанец кој со тесла си го уби братот на негов роденден, тајно го закопа и се обиде да го прикрие убиството

Насилници од Кавадарци претепаа брачен пар, па им го демолираа и домот

Горан Наумовски