Со илјадници амандмани ДУИ ќе го блокира Собранието

Од:

ДУИ по стариот познат рецепт ќе ја блокира работата на Законодавниот дом. Се готват илјадници амандмани за Законот за бранители, со што буквално, че се закочи работата на Собранието, објави весникот на албански јазик „Лајм“.

Весникот повикувајќи се на неофицијални партиски извори наведува дека оваа тактика на ДУИ е дел од продлабочување на политичката криза помеѓу коалиционите партнери во владата поради недоразбирањата околу Законот за бранителите,.

ДУИ не отстапува со Законот , освен бранителите, да бидат опфатени и поранешните припадници на ОНА.

“Ние сме во потрага по сите опции за да се спречи донесувањето на ваков закон. Еден од начините за одложувањето на овој закон е испораката на стотици амандмани пред собраниската говорница“, наведува изворот на „Лајм“.

Бујар Османи, портпарол на ДУИ, изјави дека партијата ќе сторела се за да го спречела донесувањето на законот. Османи и претходно изјави дека се отворени сите опции.

“Ние работиме во таа насока. Ќе ги искористи сите правни и институционални инструменти. Ние нема да дозволиме по никоја цена да помине тој закон“, велиОсмани.

Премиерот Груевски, изјави дека нема да дозволат да се гази македонскиот идентитет, и ако другите се подготвени, ќе се оди на предвремени парламентарни избори.

Во среда е расправата во матичното собраниско тело, Комисијата за труд и социјална политика, а собраниската седница е закажана за 10-ти септември.

ДУИ со истата тактика настапи во 2008 година, кога предизвика предвремени парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Тошковски ги посети семејствата на загинатите бранители кои престојуваат во одмoралиштето на МВР во Пониква

А1он

Ангелов: Со Предлог законот за бранители да се обесштетат семејствата на загинатите бранители

Горан Наумовски

Банкината им е споменик на загинатите крај Карпалак и по 22 години: Петровска ќе бара дозвола од Желино да постави спомениик

Орце Костов

Заев: Поддршка за семејствата на загинатите бранители

Наум Локоски

Ангелов: Лажниот патриотизам на Никола Груевски

Ана Ололовска