Со голема донација во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, Mozzart ја заокружува својата приказна на хуманост за 2025 година

Од:

Најубавите дела секогаш се оставаат за крај – токму така компанијата Mozzart ја завршува оваа година, со гест кој носи надеж и светлина. Во специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид пристигна вредна донација – современ ортопедски трауматолошки борер, апарат кој ќе ја олесни работата на лекарите и ќе им овозможи на пациентите побрзо и поквалитетно лекување.

Нашата благодарност кон Mozzart е огромна. Оваа донација е од исклучително значење за нас – апаратот го скратува времето на операциите и го зголемува нивниот квалитет. Со гордост можам да кажам дека добивме една од најсовремените опреми, донација која ретко која компанија би можела да ја обезбеди,“ истакна директорот Харалампие Шокаревски.

Оваа болница, единствена од својот вид во државата, е место каде што доаѓаат пациенти од сите градови. Токму затоа, значењето на донацијата е уште поголемо.

Горди сме што успеавме да ја реализираме оваа донација во болницата Свети Еразмо. Најубаво е кога годината ја завршуваме со дело кое носи добрина и надеж,“ изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

Mozzart ја започна 2025 со хуманост, а ја завршува на ист начин – со срце и грижа за луѓето. Со нови големи проекти, компанијата чекори со сигурност и подготвеност кон 2026 година, носејќи ја истата порака: хуманоста е најголемата победа.

Би можело да ве интересира

Трета година по ред: Mozzart ги израдува децата на своите вработени со ранчиња и училиштен прибор

Горан Наумовски

Фудбалот е повеќе од игра – Mozzart го отвори вториот мини пич терен во Велес

Поддршка за малите херои – Компанијата Mozzart целосно го опреми кабинетот за физикална терапија на Одделот за цистична фиброза

Фудбалот е повеќе од игра: Првиот мини-пич терен од компанијата Mozzart блесна во Охрид

Тимска игра на хуманост – Андријана Јовановска типуваше, а Mozzart донираше

Кампања на Mozzart „Повеќе од гол” – Филип Кузмановски ја намени донацијата за Детската клиника во Скопје