Со гасен пиштол пукале низ Тетово

Од:

Двајца жители на тетовското село Голема Речица пукале со гасен пиштол низ Тетово, соопшти МВР.

Во среда околу 15.30 часот од автомобил „БМВ“ на улицата „Маршал Тито“ во Тетово биле испукано неколку куршуми во воздух.

Полицијата го утврдила идентитетот на возачот и совозачот на  автомобилот. Станува збор за триесет и петгодишен и дваесет и шестгодишен жител на селото Голема Речица.

Под седиштето на автомобилот е пронајден гасен пиштол. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип