Со физички напад нарушен јавниот ред и мир во Дебар

Од:

Во последното деноноќие, на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кои се под надлежност на дебарското одделение за внатрешни работи, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад.

-Вчера во 8:15 часот, на улица „8 септември“ во Дебар нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од С.Б.(65) врз Ш.Б.(49),и двајцата дебрани. Против напаѓачот, Одделението за внатрешни работи ќе поднесе соодветна пријава, потврди Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додава дека во изминатото деноноќие на ова подрачје нема прекршувања на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на Ковид-19. Исто така, не се регистрирани кражби и сообраќајни незгоди.

Како што информираат од општинскиот Оперативен штаб во оваа општина веќе 33-ти ден нема новозаразени а во самоизолација се 14 лица, кои претходно, по враќањето од странство, биле во државен карантин.

Би можело да ве интересира

Штипјанец низ Дебар возел со 1,81 промили алкохол во крвта

Маж од Кичево истепал адвокат во судница

Уапсена e жена во Дебарско, предизвика пожар на сува трева

А1он

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Поради сообраќајка, во прекин е сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Жена од Штип го принудила внукот да питачи во Дебар