Со фалсификувани пари си пазареле во Куманово и во Крива Паланка, петмина уапсени

Од:

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против пет лица, од кои две се осомничени дека сториле продолжено кривично дело – Фалсификување пари од член 268 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, додека останатите со умисла им помогнале да го извршат делото.

Осомничените, четворица жители на Скопје и една жителка на Крива Паланка, сите на возраст меѓу 19 и 34 години, за сума од 18.000 денари набавиле девет фалсификувани банкноти од по 100 евра од лице од Скопје.

Потоа, во пет наврати во Куманово и еднаш во Крива Паланка, во различни правни субјекти купувале производи и услуги со фалсификуваните банкноти. Набавувале храна, алати, но и изнајмувале соби, со што се стекнале со противправна имотна корист.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за осомничените.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски