Со европски пари се уреди Виничкото кале

Од:

Меѓуграничниот прокет „Виничко кале“ општина Виница го реализираше со општината банско од Република Бугариоја, со цел – инфраструктурно уредување на најзначајниот археолошки локалитет Виничкото кале.

Овој прокет се реализираше со европски пари одобрени од ИПА фондовите на Европската унија за меѓугранична соработка. Во рамки на проектот е асвалтиран пат во должина од 300 метри со уреден паркинг и нова пешачка патека од југозападната страна која води до главниот влез на тврдината. Пристапот до Калето е комплетно овозможен и во ноќните часови бидејки е поставено осветлување на пристапот и на самата локација на Виничкото кале.

За реализацијата на овој проект се потрошени 125 илјади евра од кои покрај средената инфраструктура дел од средствата се потрошени и за обука за менаџирање на културното наследство.

На пригодна свеченост во Виница е означена реализацијата на проектот, на која присуствуваа преставници на општините Виница и Банско, како и голем број гости и граѓани на Виница.

Би можело да ве интересира

На улица во Виница се истепале три жени

Банда од Виница крадела по куќи и мачела животни

Приведен разбојник на автобуска станица во Виница

Објавен конкурсот за карикатура на Фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница веритас“

А1он

Почнува изградбата на затворен пазар во Виница

Ана Ололовска

Сто денари плата за мај добиле вработените во КП „Солидарност“ од Виница

Ана Ололовска