Со еден клик до извод од ДУП во Центар

Од:

Деталните урбанистички планови кои се јавни документи, во општина Центар станаа и реално во целост достапни.

Со еден клик на веб – страницата на општина Центар, граѓаните можат да имаат увид во секоја градежна парцела и да ги проверат параметрите за изградба. Добро чуваните тајни во минатото од  ДУП-овите, сега се јавно достапни.

Она што го направи општина Центар  со Геоинформацискиот систем (ГИС), во делот на урбанизмот,велат од општината дека е вистински бум и дека ваквата транспарентност за првпат во Македонија се воведува во Центар.

-ГИС го има и во други општини,  но не на вакво високо ниво, какво што го вети во својата изборна програма и го реализираше градоначалникот Андреј Жерновски. Сите детални урбанистички планови се внесени во системот и од базата на податоци со еден клик се вадат изводи од ДУП-овите, велат од општината.

Се работи на воведување на ГИС и во другите сектори освен урбанизмот. Секторот за граджништво и уредување на градежното земјиште веќе започна со полнење на базата на податоци, се вели во соопштението од општина Центар.

Би можело да ве интересира

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните