Со Декларацијата, Сојузот за иднина повика на неучество на изборите

Од:

Сојузот за иднината со акламација усвои декларација за обнова на демократијата слободата и правдата во Република Македонија.

Во декларацијата стои дека сегашните и идните носители на јавните функции од Здружената опозција покажувајќи висок морален интегритет и храброст поднесоа лчична и семејна жртва за општото добро и повисоки цели.

Партиите од Сојузот за иднината се согласија дека

1. Во наредниот период како и после 24. март, напорите за враќање на земјата на вистинскиот демократски европски колосек треба да станат врвен приоритет за секој граѓанин на РМ

2. На 24. март 2013 сите граѓани ќе бидат исправени пред досега најважниот личен демократски предизвик со својот избор да не учествуваат на вакви локални избори, всушност да дадат конкретен влог и да донесат директна одлука за себе и за иднината

3. Одржувањето на избори на кои учествува само актулената власт и лажните опозиционери се нелегитимни

4. Актуелните опозициски пратеници и кандидатите од листите за парламентраните избори одржани во 2011. година ќе ги вратат своите мандати на денот на одржување на локалните избори

5. Локалните избори на кои едонстрано ќе бидат прогласени градоначалници и совети без легитимитет задолжително ќе бидат предмет на ревизија со која ќе се преземат соодветни политички и законски механизми за нивно поништување и повторно одржување по промената на актуелната власт на превдремени парламентрани избори.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ