Со чаршав низ прозор избегале двајца турски мигранти од државен карантин, едниот позитивен на Ковид-19

Од:

Со чаршав, импровизиран како јаже, врзан меѓу првиот и вториот кат од „Хотел Вип“, двајца турски државјани вчера вечерта избегале од државниот карантин каде што биле сместени. Едниот од нив бил позитивен на коронавирусот.

Тие три дена биле сместени во државен карантин. По двајцата турски државјани се уште се трага.

Станува збор за мигранти од Турција, на кои им била одредена изолација во државен карантин и задолжително лекување, откако едниот бил дијагностициран со Ковид-19.

Од Министерството за внатрешни работи го потврдуваат случајот и велат дека лицата на 3 јули годинава биле донесени од полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица, во врска со кривично дело „криумчарење мигранти“. Тие биле спроведени во државен карантин поради позитивен тест на коронавирус кај едниот од нив.

„На 08.07.2020 околу 22,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека од хотел-државен карантин во Скопје било забележано дека помеѓу првиот и вториот кат од прозорот на хотелот имало чаршав кој бил врзан како импровизирано јаже и по проверка во собите од полициски службеници од СВР Скопје било констатирано дека во две соби ги нема А.Ј.(22) и Ј.Б.(24) двајцата од Турција кои биле донесени од Граничен премин Богородица“, велат од МВР, додавајќи дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Останува отворено како полициското обезбедување не забележало дека двајцата турски државјани бегаат низ прозор од вториот кат од хотелот.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска