Со брза интервенција на полицијата пронајдено одземено ауди во Скопје

Од:

Денеска со брза интервенција на полицијата, во Бутел е пронајдено патничко возило “ауди”, сопственост на Р.Ф., кој околу 15.00 часот во Полициска станица Чаир го пријавил дека му било одземено. Според пријавеното, тој возилото го оставил со клучеви во брава, пред угостителски објект во Скопје Север, а неговото внимание било искористено и возилото му било одземено.

По добиената пријава, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Чаир веднаш излегле на терен и по преземени мерки и активности го пронашле возилото паркирано на ул. “Гвадалахара”. По извршениот увид одземеното возило ќе биде вратено на сопственикот.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари