Со 25.000 амандмани ДУИ го затрупа Собранието

Од:

ДУИ го затрупа Собранието со 25.000 амандмани.  На претходните 15.ооо додадоа  нови 10.ооо амндмани. Со тони и тони напишани хартија, ќе образлагаат што треба да се смени во законот за бранители.

Жалат  за блокирањето на Законодавниот дом,  но штетата од донесувањето на Законот за бранители би била поголема за државата бидејќи Македонија, според ДУИ  би се вратила вовреме на конфликтната  2001 година.

Сепак  Собранието ги одби новите 10.000 амандмани од пратеничката група на ДУИ, со образложение дека со формалното отворање на Законот за бранители во законодавно правната комисија, престанал законскиот рок за поднесување амандмани.

 Евроинтеграцијата на Македонија ни е поважна од избори, велат од ДУИ, на средба со новинарите.

ДУИ, велат,  нема проблем да се соочи со граѓаните, но  велат дека е крајно несериозно во моменти кога ЕУ прави се за да ја деблокира македонската интеграција, тие да инсистираат на предвремени избори.

Партискиот портпарол Бујар Османи,  рече дека тоа не значи дека ДУИ се плаши од избори, бидејќи партијата е подготвена утре да се соочи  пред граѓаните  и повторно да победи.

Од утре од Куманово раководството на ДУИ ги започнува средбите со граѓаните за локалните избори.

За 10-тина дена лидерот на интегративците, Ахмети, министерот за правда Беџети, градоначалникот на Чаир Меџити и портпаролот Османи, заминуваат во Швајцарија, Германија, Италија.

Целта на посетата ќе била средба со дијаспората за да ја информираат за сработеното.

Неофицијално медиумите на албански јазик, пак пренесоа  дека Ахмети од иселениците од Кичево и кичевско ќе барал да се вратат на денот на гласањето за локалните избори.

Кандидатите за градоначалници ќе ги објават до крајот на декември. Меѓу нив велат,  ќе има и министри.

Би можело да ве интересира

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

A1on

ДУИ: Милиони евра за компанија поврзана со најблискиот круг на Изет Меџити – граѓаните заслужуваат одговори

ДУИ: Компанија основана во јули 2024 добила над 3,4 милиони евра од Општина Чаир

Горан Наумовски