Со 2 100 амандмани блокирани законите за покачување на платите во судството

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска со 2 100 амандмани ги блокираше четирите закони со кои се бараше покаченување на платите на судиите, јавните обвинители и судскиот и обвинителскиот совет.

Четири закони беа на дневен ред на седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, а откако беше констатирано дека за секој од законите има поднесено по околу 500 амандамни, таа беше прекината.

Дајанчо Ефтимов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во Собранието истакна дека во услови кога инфлацијата во државата е на алармантно ниво, кога стопанствениците едвај даваат плати на своите вработени, кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај, новата Влада со очигледно стари навики, не отстапува од намерата да ги зголеми платите на судиите и обвинителите.

-За да биде појасно, пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата не е против покачувањето на платите на судиите и јавните обвинители, но како одговорни пратеници реагираме од принципилени причини бидејќи токму покачувањето на платите во судството треба да биде последната, а не првата мерка која што оваа Влада треба да ја направи, рече Ефтимов.

Претходно на Комисијата за политичким систем и пратениците од владејачката коалиција и опозицијата ги поддржаа измените на Законот за Собрание за изедначување на платите со минималната плата, како и Законот за аменстија, со којшто ќе се одредат условни казни за лицата кои беа казнети за врема на ковид пандемијата.

ВМРО-ДПМНЕ го поддржа законот, но според пратеникот Антонио Милошоски тој од еден аспект е дискриминирачки бидејќи не ги опфаќа лицата кои веќе платиле казна за прекршување на полицискиот час во ковид кризата.

Би можело да ве интересира

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“