ВИДЕО: Со 114 гласа Собранието го донесе протоколот за членство во НАТО

Од:

Пратениците со аплауз ја поздравија одлуката со која Собранието со 114 гласа “за” го усвои протоколот за членство на државата во НАТО.

Во салата беа присутни 116, при што двајца пратеници не гласаа за одлуката.

Ратификацијата почнува да важи по објавата во Службен весник, откако шпанскиот парламент ќе ја изгласа како последна 29 членка на НАТО, со што државата станува 30 та полноправна членка на Алијансата.

Историскиот чин следи по долгогодишната заложба на земјата за членство во НАТО.

Членството во НАТО кое беше блокирано од 2008, се откочи со потпишувањето на Преспанскиот договор, со кој беше надминат повеќе деценискиот спор со името со Грција.

По завршувањето на гласањето, пред Собранието со свечена церемонија беше кренато знамето на НАТО.

Би можело да ве интересира

Москва е загрижена од плановите на НАТО

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он