Снежните врнежи го зголемија нивото на Преспанското Езеро

Од:

Снегот кој паѓа од раните утрински часови во Преспа го отежна сообраќаот не само на планинските превои Буково и Ѓавато, каде е збранет сообраќај за тешки возила и авотомобили без зимска опрема, туку и во градот Ресен и посебно селските населби од кои повеќето веќе петти ден се без струја, а делови и без вода.

Иако вчера се намалија водотеците и опасноста од поплавите во овој регион се сведе на минимум, механизацијата и кризниот штаб се подготвени за справување со евентуалните проблеми кои може да ги предивикаат денешните обилни врнежи.
Снежната покривка достигна над 50 сантиметри, а се чини најголем ќар ќе има Преспанското Езеро чие ниво во последните три дена се зголеми за 20 сантиметри.

Тоа се огромни количества вода што ќе продонесе за подобрување на хидролошката состојба.

Според Здравко Лазаревски, кој веќе десет години го мери водостојот на Преспанското Езеро, вакво енормно дневно зголемување не се памети од 1963 година кога Преспа беше целосно поплавена.

Би можело да ве интересира

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски