Снег на Попова Шапка, магла на Маврово

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во северните, западните, југозападните и јужните делови од државата. Во североисточните и источните делови коловозите се местимично влажни. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка каде наместа има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Во Маврово врнежите се од дожд и снег, информираат од АМСМ.

Намалена видливост поради појава на магла од 10 – 15 метри има на патниот правец крак Маврово – Маврови Анови.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти март 2018 година.

Би можело да ве интересира

Магла на патиштата во Струмица и Тетово

Сообраќајот на Плетвар е во прекин поради сообраќајна несреќа

Изгасната е цистерната, отворен е патот Струмица-Радовиш

Катерина Ѓуровски

Запалена цистерна, затворен патот Струмица-Радовиш

Катерина Ѓуровски

АМСМ: Во прекин локални патишта во Крива Паланка, на граничниот премин Богородица за излез се чека околу 30 минути

Регионалниот пат Валандово – Струмица, кај Валандовско Брдо во прекин за камиони и автобуси