Снег на патот Крива Паланка – Деве Баир

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. На повисоките места коловозите се наместа влажни. На патниот правец К.Паланка-Граничен премин Деве Баир паѓа снег со многу слаб интензитет кој не се задржува на коловозот.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Од 15-ти ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Посебен сообраќаен режим на неколку улици во Центар, Аеродром и Ѓорче Петров за Водици

А1он

Рама во Скопје, затворени улици – избегнувајте го овој дел од градот

А1он

МВР: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот

МВР: Значително намалување на бројот на жртви во сообраќајот во 2022, нова кампања за безбедност на пешаците

Семафорите во центарот на Скопје утре нема да работат

А1он