Смрттноста и натаму висока, намалување на бројот на новозаразени и хоспитализирани

Од:

Континуирано опаѓа бројот на новозаразени со вирусот Ковид-19, па така според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, од 3.143 тестирања регистрирани се 37 нови случаи.

Следствено на тоа, и бројот на приеми во болниците е се помал. Како што соопшти вчера Министерството за здравство, вкупно 329 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и во болниците во другите градови, а има околу 575 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, вчера се пријавени вкупно 15 починати лица, а регистрирани се 69 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.063, бројката на оздравени пациенти е 146.869, на починати е 5.311, а бројот на активни случаи изнесува 2.883.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со завчера, вакцинирани се вкупно 220.733 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 4.123 граѓани, а вкупно, истиот ден, се вакцинирале 4.148 граѓани.

Во државата, како што соопшти Министерството за здравство, вкупно се аплицирани 259.577 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани.

– Со последните бројки 45,7 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 39 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, соопшти вчера Министерството.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски