Смртни закани за градоначалникот на Арачиново- приведен 69-годишник

Од:

69-годишен арачиновец е приведен вчера откако градоначалникот на општината Ридван Ибраими го пријавил во полиција дека се заканувал по неговиот живот. Според пријавата, човекот во општинската зграда, во период кога градоначалникот не бил присутен ги упатил заканите, а поради предмет за доделување на користење земјиште.

– На 23.05.2023 полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.А. (69) од с.Арачиново постапувајќи по претходна пријава од Р.И., градоначалник на општина Арачиново, кој пријавил во СВР Скопје дека, додека тој не бил присутен во општинската зграда, Р.А. пред други присутни лица упатувал закани по животот на градоначалникот, а во врска со предмет за доделување на користење на земјиште, информира МВР.

По документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва