СМК ги поддржува барањата за трет изборен круг во Струга

Од:

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ги поддржува барањата за спроведување трет изборен круг во Струга, на кој на демократски и фер начин ќе се избере градоначалник на општината.

Во денешното соопштение, СМК подвлекува дека очекува  Управниот суд да донесе одлука за прогласување на вториот круг од локалните избори во Струга за нелегитимен.

СМК изразува разочарување од партиските пресметки во Државната изборна комисија по приговорите за поништување на вториот круг од локалните избори во Струга поради прекршувања на изборниот законик, како што се семејно и групно гласање, нарушување на тајноста на гласањето, полнење на гласачки кутии, гласање во име на друго лице, како и попречување на работата на набљудувачите на изборниот процес.

Би можело да ве интересира

Брвеница избира градоначалник

Горан Наумовски

Брвеница в недела избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“