Општина Бутел ќе се вмрежува со општини од Србија

Од:

Градоначалникот на Општина, Бутел Велимир Смилевски потпиша меморнадум за унапредување на соработката и вмрежување на градови и општини од Србија и Македонија.

Меморандумот заедно со останатите градоначалници го потпиша на меѓународниот форум „Партнерство и изградба на капацитетите до одржлив развој“ кој се одржа во Скопје на 25 и 26 октомври.

На првиот ден беше претставен проектот и ИПА програмата за „Прекугранична соработка на Србија и Македонија 2016-2020“. Беа претставени општините од Јабланичкиот и Пчињскиот округ од Србија и Северозападниот и Скопскиот регион во Македонија.

На меѓународната конференција беше претставена и програмата „Учиме од соседите“ со презентација на примери на добри практики од соседните програми: Србија-Бугарија, Македонија- Бугарија и Македонија – Грција.

Би можело да ве интересира

Продолжуваат кражбите на бронзени бисти од гробиштата Бутел

(ВИДЕО) Филипче: Во недела изберете луѓе со интегритет, не послушници на Мицкоски

Ливриниќ на средби со жителите на населбата Ферид Бајрам – најавени нови инфраструктурни и комунални инвестиции

Ливриниќ: Ќе изградиме нова зелена оаза и простор за рекреација за сите генерации

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Костовски: Во општина Бутел направивме спортска револуција

Горан Наумовски

Шукова: БРТ системот ќе го подобри транспортот и во Општина Бутел, планираме воведување на две клучни линии

Горан Наумовски