Сметководителите кои започнале со обука, имаат рок од 200 дена по крајот на вонредната да ја завршат

Од:

На денешната владина седница е донесена Уредба со законска сила за примена на Законот за вршење на сметководствени работи за време на вонредна состојба со која на сметководителите односно овластените сметководители кои започнале со посета на континуирано професионално усовршување во 2017 година, им се дава можност обврската за посета на обуката од 60 односно 90 часови да ја исполнат во период од 200 дена по престанокот на вонредната состојба, за да се избегне можноста оние кои не го оствариле законскиот број на часови да бидат избришани во траење од 3 години од соодветните регистри на Институтот, а со тоа и да го изгубат правото за вршење на сметководствени работи во тој период.

Истовремено, со овој член се утврдува дека обврската за посета на обука за континуирано професионално усовршување од најмалку 10 часа во текот на една година за сметководител, односно од најмалку 20 часа за овластен сметководител да не се однесува за сметководителите односно овластените сметководители кои обуката за континуирано професионално усовршување ја започнале во 2018 и 2019 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма