Сменети началниците во СВР Скопје, Битола, Охрид, Велес и Куманово

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска потврди дека се сменети началниците во пет Сектори за внатрешни работи и тоа во Скопје, Битола, Охрид, Велес и Куманово.

Промени се направени заради тоа што сметам дека има сериозни пропусти, нагласи Спасовски, додавајќи оти секогаш давал поддршка на професионализмот. Тој демантираше дека смените на началниците имаат каква било врска со случајот „Фабрика за фалсификувани документи“.

– Не може да се толерира упадот во УКИМ, не може да се толерираат истрагите кои на некој начин биле во застој за нападот врз новинарите, нема да се толерираат однесувањата на некои началници кои ги повикувале луѓето да се приклучат кон една политичка опција на штета на друга и некои други активности, појасни министерот Спасовски.

Во врска со настанот пред УКИМ, министерот Спасовски истакна дека побарал службена белешка во која бил информиран дека е повикана полиција на телефонскиот број 192 од страна на лицето кое што е припадник на Агенцијата за обезбедување „СГС“, а не од страната од ректорот на Универзитетот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас