А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

by А1он21/08/2025 - 16:15534
Share0

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје,постапувајќи по претходно добиени оперативни сознанија, расчисти случај во врска со кривичното дело – „измама во службата“ при што против лицето Д.А. (51) вработен како раководител на сектор во општината Шуто Оризари до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по член 355 став 3 од КЗ на РСМ.

Добивај вести на вибер

Имено, според сознанија од истрагата, осомничениот при крајот на 2023 година како раководител на сектор во општина Шуто Оризари со цел да прибави противправна имотна корист – од буџетската сметка на општината, по основ на одржување на училишни објекти, во пет наврати изготвил лажни налози за исплата на парични средства злоупотребувајќи печат на општината како и скратен потпис на актуелен градоначалник на истата. Притоа откако ги пуштил паричните средства од трезорска сметка парите биле префрлени по основ на три налози кон правно лице од Скопје, а дополнително осомничениот формирал уште едно правно лице во кое тој бил сопственик каде што исто така пуштил уште два парични налози. На тој начин осомничениот Д.А. го оштетил буџетот на општина Шуто Оризари за 3.600.000 денари.

makedonijasuto orizari

Би можело да ве интересира

Приведен возач без дозвола и двајца малолетни сопатници, во возилото пронајден пит бул повреден во борба со кучиња

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 14:50

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 14:29

Опожарени три возила кај Бит Пазар

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 14:25

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 11:14

Претрес во Делчево, пронајдена дрога и огревно дрво без документација, лишено од слобода едно лице

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 11:08

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 10:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто