Служба за сеќавање на паднатите борци на британските воени гробишта во Скопје

Од:

Британската амбасада во Македонија денеска на британските воени гробишта во Скопје ќе одржи служба за сеќавање на паднатите борци.

Гробиштата се на британски воен персонал, кој го загубил живот во Првата светска војна. Оваа служба, информираат од Амбасадата, е со цел да се потсетиме на сите оние од различни националности, воени лица или цивили, кои го изгубиле својот живот во војна или конфликт или за каузата за мир.

Од Британската амбасада истакнуваат дека на службата ќе присуствува британскиот амбасадор Чарлс Гарет, претставници на дипломатската заедница во Македонија и членови на британската заедница во Македонија.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан