А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Случајот за Села продолжува на 11 јуни за деветмина од обвинетите

by А1он06/06/2018 - 14:40496
Share0

Случајот за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села во Собранието на 27 април 2017 година, продолжува на 11 јуни за деветмина од обвинетите, откако на денешното рочиште беше повлечено обвинението против Сашо Сенков.

Добивај вести на вибер

Обвинителот Дарко Јакимовски, на почетокот на расправата рече дека се утврдени нови елементи со изнесувањето на новите докази на претходното рочиште, и предложи измена на обвинителниот акт.

Според изменетото обвинение, двајца од обвинетите Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски се теретат за насилство, а останатите обвинети Кире Георгиевски, Оливер Ошавковски, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски и Коста Делов се товарат за обид за убиство.

Судечкиот совет, на предлог на Обвинителството донесе решение мерката притвор против Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски да биде укината и им определи мерка за претпазливост, задолжително пријавување во Судот и забрана за напуштање на државата.

Денешното рочиште беше прекинато околу еден час, откако во судот се онесвести обвинетиот Александар Јаневски Тошта, по што со Брза помош беше пренесен во болница на Клиника за кардиологија.

Адвокатот на Сашо Сенков, Рубин Двојаков, на паузата кажа дека е задоволен од постапката на обвинителот, оценувајќи ја како храбра и законита одлуката да го повлече обвинението. Прашан дали ќе бараат оштета, кажа апсолутно да, во согласност со правото за надомест на штета пред надлежните судски органи.

Прашан за коментар на одлуката за Сенков, претставникот на оштетениот Абидин Абдули, пред новинарите, кажа дека одлуката била заеднички донесена во координација со обвинителството.

– Што се однесува до другите обвинети мислам дека за сите постојат факти и докази за нивната вмешаност во случајот, рече Абдули.

Потврди дека е можно проширување на обвинението против други лица кои не се опфатени, а се гледаат на најновата видео снимка, но откако дополнително ќе се консултираат со обвинителството.

27 aprilZijadin Sela

Би можело да ве интересира

Села бара од Уставниот суд оценка на уставноста на измените за „Безбеден град“

Горан Наумовски26/01/2026 - 13:1026/01/2026 - 13:11

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски01/11/2025 - 10:5901/11/2025 - 11:00

Влен: Зијадин Села е жеден за внимание

Горан Наумовски30/10/2025 - 16:00

Власта ќе биде на една страна, јас на друга – Села му одговори на Меџити

Катерина Ѓуровски30/10/2025 - 11:21

Села: Европски фронт нема да го поддржи законот за правична застапеност

Катерина Ѓуровски25/06/2025 - 14:3225/06/2025 - 14:32

Села: Најавите дека пратеници од Европски фронт ќе прејдат во владејачкото мнозинство се лага и специјална активност на службите

Катерина Ѓуровски28/05/2025 - 13:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен