Случај црква Св. Петка во Галате: Обвинителство демантира дека издало наредба за приведување

Од:

По случајот кој го привлече вниманието на жителите во гостиварско дека се приведени неколку лица кои изведувале градежни работи во близина на црковен објект, од Јавното обвинителство информираат дека не издале наредба за приведување или задржување лица. Од обвинителство посочуваат дека станува збор за невистинити информации кои се споделуваат на социјалните мрежи и биле преземени од повеќе медиуми. Од МВР најавија соопштение за појаснување на настанот и нивното делување.

Во соопштението од Основното јавно обвинителство Гостивар се наведува дека биле известено од надлежните дека МВР постапува во конкретниот случај по поднесена пријава од Општина Врапчиште за недозволено вршење градежни работи во непосредна близина на магистрален пат.

– Работите се прекинати, а по насоки на јавен обвинител денес полициски екипи ќе извршат увид на самото место со цел да се утврди каков е статусот на објектот и работите кои се извршувале, како и дали во целиот настан воопшто има елементи на кривично дело, стои во соопштението на ОЈО Гостивар.

Според информациите на локалните жители на селото Галате и нивните објави по социјалните мрежи, вчера започнала доброволна акција за уредување на просторот околу црквата Св. Петка која се наоѓа во непосредна близина на регионалниот пат што минува низ општина Врапчиште. Овој објект е опожарен и целосно оштетен во внатрешноста во дејствијата во конфликтот од 2001 година. Оттогаш стои запуштен и нефункционален.

Од СВР Тетово најавија дека во текот на денот ќе дадат информации за делувањето на местото и какви мерки презеле.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ако Мицкоски лаже сликите се јасни, еве ги активистите од настаните со црквата во Галате

Мицкоски за црквата во Галате: Повеќе нема тензии, очекувам проблемот да се реши час поскоро

Горан Наумовски

Градоначалникот на општина Врапчиште: Тензиите во Галате ги направи криминална група дојдена од надвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Спасовски за случајот „Галате“: На Македонија не и се потребни инциденти, особено не во делот на меѓуетничките односи

Став на Мицкоски за случајот „Галате“: Ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните

Горан Наумовски