Случаен минувач пронашол машки труп на штипската тврдина Исар

Од:

На тврдината Исар во Штип утринава околу 9 часот и 20 минути пронајден е машки труп од страна на случаен минувач.

Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова потврдува дека станува збор за 40-годишниот Марјанчо Б. кој е пронајден мртов во близина на стариот резервоар на тврдината Исар во Штип.

По извршениот увид од страна на екипа од Полициската станица во Штип телото на починатиот е предадено на обдукција во Клиничка болница Штип по што ќе се утврди дали станува збор за насилна смрт или починатото лице самото си го одзело животот.

Повеќе детали од полицијата најавија во текот на наредните денови.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип