Словенци, Австријци, Срби и Косовци регистрирани како позитивни на коронавирус во Македонија

Од:

Од почетокот на коронавирус кризата Институтот за јавно здравје регистрирал вкупно 26 странски државјани позитивни на Ковид – 19 во Македонија. Поголемиот дел од нив се регистрирани по 26 јуни кога беа отворени границите и во нашата земја беше дозволен влез без приложување негативен тест на коронавирус.

„ Институтот за јавно здравје од почетокот на пандемијата регистрирал вкупно 26 странски државјани позитивни на Ковид-19 кои моментално престојуваат во нашата земја. 16 од нив се пријавени по 26 јуни, од отворањето на границите без ПЦР тестирање“, велат од Министерството за здравство за „А1он“.

Институтот за јавно здравје нема податоци за земјите од кои потекнуваат заболените странци кај нас, но од таму нагласуваат дека некои од заболените странци се евидентирани како државјани на Словенија, Австрија, Србија и Косово.

Комисијата за заразни болести на состанокот во средата одлучи да и предложи на Владата воведување задолжителни ПЦР тестови при влез во земјава за државјаните на Косово откако на три авионски лета од Македонија беа откриени голем број Косовци позитивни на Ковид – 19 кои патувале преку Македонија.  За останатите странци, влезот во Македонија е без ограничувања.

Во средата листа на странци позитивни на коронавирус кои престојуваат во земјата објави германскиот институт Роберт Кох. Во извештајот на институтот стои дека од вкупно регистрираните 19.952 лица заразени со коронавирус во последните три недели во Германија, 161 лице биле од Македонија.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски