Словачки компании заинтересирани за влез во МЖ Транспорт

Од:

Неколку словачки фирми се заинтересирани за влез во „Македонски железници – Транспорт“, вели амбасадорот на Словачка во Скопје Роберт Кирнаг во интервју за „Бизнис плус“. Сепак, според Кирнаг, реализацијата на тие инвестиции засега е блокирана поради одложувањето на либерализацијата на железничкиот сектор во Македонија до нејзиниот влез во ЕУ.

– Нашите интереси за влез на тој пазар се блокирани бидејќи македонските власти сакаат да ја заштитат државната транспортна компанија МЖ Транспорт, која не би можела да го издржи притисокот на конкуренцијата. Овој сектор мора да претрпи промени. Мора да се отвори, ако не подоцна, тогаш на денот на влезот во ЕУ, но ние сакаме тоа да се случи што поскоро, наведува амбасадорот.

Тој информира дека компании од Словачка се заинтерсирани и за влез во велешката фабрика за шински возила „Колска“.

– Ја посетив фабриката каде се изведуваат одредени видови ремонт кои се единствени на Балканот. Но, првин треба да се трансформира од државно друштво со ограничена одговорност во акционерско друштво. Долговите треба да се претворат во акционерски удели, а мнозинството од акциите контролирано да се продадат на стратешки инвеститор, кој ќе ги купи акции од државата и со тоа ќе ги врати парите во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, како и во даночната управа, наведува Кирнаг за „Бизнис плус“.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска