ВИДЕО: Словачка донираше чизми за македонската полиција, во вредност од 113 илјади евра

Од:

Илјада и петстотини пара чизми во вредност од 113 илјади евра добија денеска македонските полицајци во форма на донација од Владата на Словачка.

Донацијата беше предадена денеска во касарната во Ѓорче Петров, каде се распоредени припадниците на Единицата за брзо распоредување, од страна на словачкиот амбасадор Мартин Безак, а во присуство на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки.

– Успешната соработка трае подолг период и таа се надградува, а во интензитет доби за време на мигрантската криза, кога словачки полицајци помагаа во обезбедување на границата на Македонија со Грција, рече Спасовски.

Тој додаде дека се очекува пристигнување на десеттиот контигент на словачки полицајци.

– Оваа донација од 1.500 чифта е во вредност од 113 илјади евра. Не сакам да звучи цинично ама тоа е отприлика вредноста на онаа вртелешка, оној карузел на вардарскиот кеј, рече словачкиот амбасадор.

Безак нагласи дека оваа донација е во рамки на континуираната линија за помош. Потсети дека во 2015 година во екот на мигрантската криза словачки железници им обезбедиле на македонски железници осум патнички вагони за транспорт на мигранти од границата до Србија, во 2016 година словачкиот премиер и министерот за внатрешни работи беа единствените претставници на земјите-членки на ЕУ, кои лично беа на јужната граница.

Безак го замоли министерот некои од овие чизми да ги добие граничната полиција.

Би можело да ве интересира

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР