А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Слободни 26.105 места за упис на државните универзитети

by А1он17/06/2017 - 15:37228
Share0

Вкупно 26.105 места се обезбедени за упис на студенти на државните универзитети и тоа 13.953 места за редовни студенти во државна квота, 8.367 места за редовни студенти со кофинансирање и 3.785 места за вонредни студенти, соопшти Министерството за образование и наука откако Владата вчера донесе одлука за Конкурсот за упис на студенти на државните универзитети.

Добивај вести на вибер

Со тоа, како што е наведено во соопштението од ресорното Министерство, обезбедени се доволно места за упис на сите заинтересирани матуранти, како и за други лица заинтересирани за студирање на државните универзитети.

– При утврдување на бројките за упис на студенти се водеше сметка за потребите на пазарот на трудот во Република Македонија, дефицитарноста на струките и расположливите можности за вработување, бројот на студенти за кои се акредитирани факултетите, како и за показателите за интересот на средношколците за упис на одредени факултети изминативе години, стои во соопштението.

Конкурсот, како што велат од МОН, содржи одредени новини во однос на претходните години.

– Како резултат на различниот пристап на новата Влада во однос на родовите прашања и прашањето за евроинтеграциите, споредено со претходната Влада, донесена е одлука да се активираат Родовите студии на Филозофскиот факултет при УКИМ, кои 5 години беа ставени во мирување, како и студиите за Безбедност и евроинтеграциите на Факултетот за безбедност при УКЛО, кои исто така беа во мирување, истакнуваат од Министерството.

Оваа година факултетите при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“, како што истакнуваат во соопштението, нема да имаат дисперзирани студии. – Такво беше барањето на Универзитетот кое се поклопи со ставот на Владата и нашите согледувања за квалитетот и потребата од одредени дисперзирани студии. Одредени дисперзирани студии на другите Универзитети се редуцирани, тргнувајќи од погоре наведените аналитички податоци со кои располагаше Министерството за образование, се додава во соопштението.

Од Министерството за образование и наука посочуваат дека оваа година по прв пат се утврдени и квоти за упис на одредени студиски програми за студенти, чие родителско право го врши само еден родител, кои ќе плаќаат половина од износот на уписнината. Конкурсот ќе биде доставен до универзитетите и објавен.

fakultetiupis

Би можело да ве интересира

На Скопскиот универзитет започнаа уписите за слободни над 9.700 места за бруцоши

Горан Наумовски19/08/2025 - 09:47

Деканите од СИТИ Колеџ: Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци

A1on11/04/2025 - 13:54

Ќе се прави анализа на работата на сите државни и приватни универзитети и факултетите

Горан Наумовски31/07/2024 - 14:46

МОН предлага укинување на една македонска паралелка, а отворање на една албанска во велешката гимназија

A1on03/04/2024 - 14:27

Државната матура да се реформира и адаптира на образованието на иднината, но приемниот испит на факултетите е неопходен за валозирање на квалитетот и нивото на знаење на ученикот

Горан Наумовски17/05/2023 - 15:53

Владата го одобри Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан

Горан Наумовски26/10/2022 - 15:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен