Славески: Со неверување ја добив веста за бркање на првиот синдикалец во „Водовод“ од Арсовска

Од:

Обвинуваат за Хитлер, а се однесуваат како него. Обвинуваат за деспот, а применуваат деспотски методи. Со неверување ја добив веста дека претседателот на синдикатот во ЈП Водовод и канализација е избркан од работа. Без разлика кои причини ќе ги наведе градоначалничката Арсовска, и не спорам дека тука ќе бидат креативни во обвинувањата, и без разлика дали некој се согласува со ставовите на синдикатот или не, бркањето од работа поради изразен став и поради борба за заштита на работнички права го сметам за нецивилизиран чин на самоволие и дрско нарушување на интегритетот на работничките права и на работниците воопшто, реагира преку писмена изјава председателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески.

-Бруталното замолчување на гласот на синдикалното движење е одлика на исплашен систем, кој масовно ги крши правата. Ваквата одлука е спротивна на моите уверувања како претседател на Совет на град Скопје, а верувам дека е спротивна и на огромното мнозинство советници чиј интегритет и заштита на верувањата се во преден план. Тоа не е начинот на кој градот треба да се води, преку газење на слободата и правата на другите, колку и тие да се различни и спротивни, пишува Славески.

Колку и да е тажно, ова буди асоцијации на некои од најмрачните времиња од историјата на ХХ-тиот век. На 2. мај 1933 година беа окупирани канцелариите на синдикатите во Германија, беа конфискувани нивните средства и синдикатите беа официјално укинати, а нивните лидери уапсени. Голем број синдикални лидери беа претепани и испратени во концентрациони кампови, вклучително и такви кои претходно се беа согласиле на соработка со Нацистите.

Погазувањето на синдикалните права на работниците заслужува најостра осуда! Тоа е нешто во што силно верувам, вели Славески во својата пишина изјава.

Би можело да ве интересира

Славески уверува дека се преземаат мерки за намалување на инфлацијата на ниво под три проценти

Славески: Народната банка предлага четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, ќе се создава и национална мрежа на банкомати

Првите ефекти од американските царини по пет-шест месеци, вели гувернерот

Славески: Трите големи банки соопштија дека ги намалуваат надоместоците за граѓаните и компаниите

Славески: Создаден простор да се намалат и поедностават надоместоците што банките ги наплаќаат од граѓаните

Средба на гувернерот Славески со претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел