Славески: Финансиската стабилност е обезбедена, девизните резерви стабилни

Од:

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески, преку објава на Твитер информираше дека девизните резерви на земјата се на исклучително стабилно и сигурно ниво, што претставува силна основа за одржување на макроекономската стабилност.

– Девизните резерви се повисоки за околу 50 отсто во однос на 2019 година и изнесуваат приближно 4,9 милијарди евра. Тоа е комотно ниво што гарантира стабилност на девизниот курс и обезбедува простор за интервенции доколку се укаже потреба, истакна Славески.

Тој потсети дека за време на пандемијата дел од девизните резерви беа искористени преку интервенции на девизниот пазар, но во наредниот период тие беа целосно надоместени.

Во моментов, посочи, девизните резерви обезбедуваат покриеност на увозот од 4,6 месеци, што е ниво над сите релевантни меѓународни стандарди и дополнително ја потврдува стабилноста на девизниот и финансискиот систем.

Би можело да ве интересира

Славески: Централната банка останува на претпазлив курс

Девизните резерви во октомври зголемени за 120,5 милиони евра

Модернизација и регионално поврзување на платните системи помеѓу земјите од Западен Балкан поддржани од Банката на Италија и Европската централна банка

Славески: Од утре плаќањата во евра со земјите од СЕПА ќе бидат околу шест пати поевтини и побрзи

Девизните резерви на крајот на август 4,75 милијарди евра

Славески уверува дека се преземаат мерки за намалување на инфлацијата на ниво под три проценти