Спасовски и Антовски разговараа за потребите на припадниците на МВР

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со делегација на Македонскиот полициски синдикат предводена од претседателот Ацо Антовски.

Соговорниците разговараа за проблемите со кои се соочуваат полициските службеници во работењето и начините како да се подобрат условите за работа. Министерот Спасовски ги извести претставниците на МПС дека во тек се конкретни активности за подобрување на стандардот на работење на полициските службеници, почнувајќи од набавка на основната полициска опрема како што се униформи и чизми, нешто што се нема случено скоро цела деценија.

Тој истакна дека за секое барање или предлог на Синдикатот, раководството на Министерството е подготвено за отворен разговор и изнаоѓање на решенија. Актуелното раководство на МВР досега ниту одбило каков и да е синдикален предлог, ниту пак има намера во решавањето на проблемите да ги исклучи полициските синдикати.

Спасовски и Антовски разговараа и за продолжувањето на реализацијата на веќе договореното усогласување на платите на вработените во МВР со платите на вработените во сродните институции во државата и полициите во опкружувањето и беше договорено во најбрз рок да се направи сеопфатна анализа на состојбите во Министерството и врз основа на тоа да се договорат можностите, начинот и условите врз основа на кои би продолжил процесот на усогласување.

Исто така, договорено е да се формираат заеднички работни групи со цел отпочнување на процесот на изготвување на нова листа на плати за вработените во МВР, како и изнаоѓање на начин за исплата на сите парични побарувања на вработените по било којa основa, а се со цел избегнување на евентуални судски спорови и трошоци.

Министерот Спасовски и претставниците на МПС се договорија во најскоро време да се најде привремено решение за вработените во ПС за ГП и ГН „Белановце“ – Пункт „Гошинце“, се до конечно решавање на инфраструктурата и состојбата на постоечкиот објект.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски