Слаби врнежи од снег на Попова Шапка, магла кај Страцин

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по влажни коловози. Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка. Појава на магла со видливост до 70 метри се бележи кај Страцин.

Од АМСМ, информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Од утре до петок врнежи од дожд, на планините снег

Намалена видливост до 50 метри поради магла на патниот правец Попова Шапка – село Лисец

Денеска врнежи од дожд, на планините снег

На Попова Шапка најстудено -3 степени и 57 сантиметри снег

Зимска идила на Попова Шапка со 74 сантиметри снег

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка