ФОТО: Слаба посетеност на прославата во Скопје

Од:

Новогодишната прослава во Скопје помина со многу слаба посетеност и празен простор на улицата кај Пела. Традиционална прослава во Скопје повеќе не се одржува на скопскиот плоштад како во сите метрополи откако од многуте споменици и градби не остана простор за ништо друго.

Иако беше најавувана како прослава по примерот на светските главни градови, на плоштадот „Пела“ во Скопје, присуствуваа едвај 300 луѓе и ниту од далеку не наликуваше на прославите во светските центри.

Скопјани и гостите што дојода да прослават во главниот град ги забавуваа македонските музички ѕвезди Дани, Маја Панчева, Ерик и Симона, Есма, Сузана Спасовска, Наум Петревски, Мустафа Имери, Даниел Кајмаковски и Куку леле, а Новата 2015 година ја дочекаа со песните на Елена Ристевска.

pelaProslava

Фотографијата е направена во 23:15 часот

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски