ВИДЕО: Започнува реконструкцијата на „Сквер Јадран“, ќе се постават нова опрема, јапонски цреши и смарт клупи

Од:

Општина Центар во соработка со Здружението „Го Грин“ започнува со спроведување на проектот „Еко-иновативни зони за почист воздух“, што претставува реконструкција на „Сквер Јадран“, каде покрај нова опрема, ќе бидат поставени и 12 јапонски цреши, три смарт клупи и корпи за селектирање на отпад.

– „Сквер Јадран“ е на површина од 1836 квадратни метри, а Општина Центар учествува со околу пет милиони денари за замена на уништениот бекатон, нови рабници, ставање на нови елементи, корпи за отпадоци, корпи за селектирање на отпад, нови дрва, нова расвета и нов систем за наводнување, кој за жал од градежните работи поврзани со „Скопје 2014“ и сите објекти кои беа изградени во овој дел, посебно во малиот ринг, беше уништен и на крајот како плоштад што требаше да претставува место за организирање на настани од страна на граѓаните беше претворен во место што стана еден вид на паркиралиште со што дополнително се уништи целата урбана опрема, образложи градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

Тој упати благодарност еврејската заедница којашто ќе учествува со донација на 12 јапонски цреши и до Здружението „Го Грин“ кое успеало, преку Швајцарската агенција за соработка, да обезбеди средства за три смарт клупи коишто ќе бидат први од таков тип на територија на земјава.

Градоначаникот на Општина Центар информираше дека планирано е проектот да биде завршен за 45 дена.

Антонио Јовановски, претседателот на Здружението „Го Грин“, истакна дека  по реконструкцијата „Сквер Јадран“ ќе биде третата „Биде зелен“ зона во Скопје. Другите две се во Кисела Вода и во Зоолошката градина во Скопје.

– Се планира набавка на смарт клупи, тоа се клупи кои се напојуваат од сончева енергија каде минувачите ќе можат да ги полнат своите мобилни телефони или други уреди, ќе можат да работат со нивните лаптопи. Потоа одиме со раззеленување на улиците со зрели дрвја кои имаат функција на прочистување на воздухот, идејата е кога ќе се постават навистина да имаат функција, не да ги чекаме 15-20 години за да дадат функција и имаме компонента за канти за селекција, со цел подигнување на еколошката свест кај граѓаните, нагласи Јовановски.

Градначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов го поздрави проектот и потенцираше дека идејата е централното градско подрачје да стане простор којшто ќе служи за потребите на граѓаните, а не за потребите на нивните автомобили.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории