Скромен прогрес во комуникацијата меѓу Собранието и граѓанските организации

Од:

Има мал прогрес во комуникацијата меѓу Собранието и граѓанските организации, но потребно е да се работи и со едните и со другите. Граѓанските организации, кои имаат познавања од областа со која се занимаваат, не знаат како тоа да го преточат во конкретен предлог-закон, а пратениците немаат премногу желба да се отворат кон јавноста.

Од Фондацијата за демократија на Вестминстер, која во изминатите две години го спроведе проектот „Граѓаните во Собранието“ велат дека проблемот е и кај граѓанските организации и кај пратениците.

– Од една страна се граѓанските организации каде генерално се забележува дека иако се тие познавачи на темата и се засеганти со проблемот кој го застапуваат, сепак, не знаат како тоа да го преточат во конкретен предлог закон и тоа ефективно да го искомуницираат со пратениците. Од друга страна се пратениците со кои треба да се работи на воспоставување на пракса и увидување на користа од искористување на експертизата на НВО за креирање на законските решенија, изјави Ивана Петкуќеска од Фондацијата за демократија на Вестминистер.

Според Гордан Георгиев, поранешен пратеник и експерт во проектот, прогресот во комуникацијата меѓу Собранието и граѓанските организации е скромен затоа што Парламентот има конзервативна структура и пратениците немаат премногу желба да се отворат кон јавноста, но со тек на време ќе се зголемува интересот кај граѓаните да се вклучат во работата на Парламентот, а пратениците ќе имаат позитивен фитбек.

Актуелниот пратеник Павле Богоевски, кој доаѓа од невладиниот сектор, смета дека проблемот е во комуникацијата меѓу граѓанските организации и пратениците.

– Патот од граѓанска иницијатива до конкретен законски текст не е ниту брз, ниту едноставен, ниту може да биде направен преку ноќ. Невладините организации ќе го направат својот предлог и потребните истражувања, но на крајот на денот сепак треба да ги убедат пратениците дека нивниот предлог е оној што треба да биде ставен во законскиот текст, вели Богоевски.

Од Фондацијата за демократија на Вестминистер велат дека има механизами за учество на невладиниот сектор во Собранието и оти сега постои позитивен момент којшто треба да се искористи за да се надоградат овие механизми.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител